Тркалезна маса за резултатите од студијата за производство на тутун и ефектите од субвенциите за тутун

Вести

Аналитика тинк-тенк денеска организира тркалезна маса на тема „Презентација на резултати од првата студија – Производство на тутун и ефектите од субвенциите за тутун во РС Македонија’’. На настанот ќе се презентираат наодите и резултатите од сеопфатната анализа на тутунското производство и субвенциите за тутун во земјата и ќе се дадат препораки за креаторите на политики за усвојување на поефикасни политики за земјоделските субвенции и субвенциите за тутун.

Ова е прва студија во земјава што дава сеопфатна анализа и податоци за земјоделските субвенции, посебно за субвенциите за тутун и нивниот ефект врз производството на тутун. Настанот е дел од меѓународниот научно-истражувачки проект „Унапредување на даночни политики за тутун во земјите со низок и среден доход” финансиран од Универзитетот Илиноис во Чикаго (UIC) и Bloomberg Philanthropies.

МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *