УХМР со најва за врнежи од дожд и снег

Вести

Од утре до понеделник, претежно во попладневните часови, ќе има врнежи во поголем дел од земјава.

Врнежите, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе бидат од дожд со умерен интензитет и на места особено во западните делови ќе бидат пообилни (во недела понекаде над 25л/24часа). На планините во западните делови ќе врне снег.

Во Сабота и особено во недела од вечерните часови во планинските западни делови повремен снег ќе има и на повисоките места.

За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер поизразен во западните делови.

Поради продор на студена воздушна маса од понеделник кон крајот на денот ќе настапи заладување со врнежи кои ќе преминат во снег и на повисоките места.

Во ноќта кон вторник на патиштата ќе има појава на замрзнат дожд и ќе започне да дува умерен до силен северен ветер.

Во вторник ќе е ветровито и до крајот на денот врнежите ќе преминат во снег во поголемиот дел од земјата.

Во среда се очекува врнежите да завршуваат и ќе се претежно од снег.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *