Унапредување на соработката во земјоделската област со Иран

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, вчера имаше средба со амбасадорот на Исламската Република Иран, Н.Е. Хоссеин Карими.

На средбата заедно понудија две алатки кои министертвото ги изработува со цел да привлече инвеститори и да го олесни реализирањето на инвестициите во земјоделството.

Станува збор за брошура со сите потребни информации за потенцијал на земјоделско производство и мапа на локации за инвестирање во откупно дистрибутивни центри. Брошурата ќе ги содржи сите инструменти на финансиска поддршка од страна на државата, како и админстративна поддршка за заинтересираните инвеститори.

На средбата се дискутираше и за можностите за унапредување на идната соработка во областа на земјоделството меѓу двете земји, како и можностите за инвестирање во земјоделско производство во Македонија, за што неколку ирански компании веќе изразиле интерес.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *