Услови и потребна документација за користење на средства од ИПАРД , мерка 7 – „Алтернативно земјоделско производство“

Вести

Главната цел на  мерка 7 од ИПАРД продрамата е поттикнување на вработувањето преку создавање на нови и задржување на постојните работни места, со што ќе зголеми нивото на економска активност во руралните средини,  ќе се подобри квалитетот на живот и  ќе се намали руралната депопулација.

Во алтернативно  земјоделско производсво спаѓаат следните инвестиции:

• Одгледување на печурки и тартуфи;

• Хортикултура (расадници и одгледување на цвеќе и цветни папки, украсни растенија, дрва);

• Производство на семенски и саден материјал;

• Одгледување на зајаци;

• Одгледување на полжави;

• Одгледување на птици за јајца и месо – патки, гуски, мисирки, тетреби, ноеви, емуа и бисерки;

• Одгледување на дивеч;

• Пчеларство;

• Одгледување на билки, семиња, и други зачински и ароматични растенија;

• Насади на дрвја (брзо растечки) за дрвена граѓа и био-маса;

• Рибници за производство на слатководна риба.

I. Кој може да аплицира:

– Физички лица:

  • Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
  • Регистриран индивидуален земјоделец
  • Физичко лице регисрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани воЦентрален регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони €.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

II. Висина на финансиска поддршка

Висината на финансиската поддршка изнесува 65% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата (трошоците без ДДВ).

  • Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект е – 1500 €
  • Максимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект е – 1 000 000 €

III. Прифатливи трошоци

  • Градба/реконструкција на објекти и друг недвижен имот кој се користи за прифатливите економски активности;
  • Набавка и/или инсталирање на нови машини и опрема поврзани со прифатлива економска активност;
  • Набавка на наменски транспортни резервари и приколки;
  • Набавка на повеќегодишни дрвја и растенија (со исклучок на семе, саден материјал и мицелиум);
  • Набавка на нови машини и опрема за заштита на животната средина вклучувајќи опрема за производство на електрична енергија и/или греење со употреба на обновливи извори на енергија;
  • Инфраструктурно уредување.

IV Локација на прифатлива инвестиција

Проектот е прифатлив за финансирање доколку локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата се наоѓа во рурална средина во согласност со „Листата на рурални средини”.

V. Листа на потребни документи

Покрај основната документација потребна за апликација за ИПАРД, мерка 7, специфични документи кои треба да ги достават апликантите  за ПРИОРИТЕТЕН СЕКТОР 1 – АЛТЕРНАТИВНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО се следните:

 1. ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ ДОЗВОЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ВОДА ( овој документ се доставува во случај на  инвестиција во Аквакултура- Рибници за производство на слатководна риба)

2. ДОГОВОР ЗА СОБИРАЊЕ НА ОСНОВЕН МАТЕРИЈАЛ ПОМЕЃУ БАРАТЕЛОТ И ЈАВНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ НАЦИОНАЛНИ ШУМИ(Овој документ се доставува во случај на инвестиции во одгледување на шумски и декоративни растенија и дрва и доколку барателот не поседува сопствен основен материјал).

Повикот за Мерка 7 од ИПАРД 2 се очекува да биде објавен до крајот на оваа или почетокот на следната година. Целосните информации ќе ги има откако ќе излезе повикот, но генерално ова се основните информации за Мерка 7 – Диверзификација на фармите и развој на бизниси.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *