Услови и потребна документација за аплицирање на мерка 7 од ИПАРД – Рурален туризам

Вести

Повикот за Мерка 7 од ИПАРД 2 се очекува да биде на почеток на годинава. Имате доволно време за да се информирате за што се може да се аплицира, какви услови треба да се исполнат и кои документи се потребни.

Целосните информации ќе ги има откако ќе излезе повикот, но генерално ова се основните информации за Мерка 7 – Диверзификација на фармите и развој на бизниси.

 

I. Кој може да аплицира:

– Физички лица:

  • Лице регистрирано во Единствениот регистар на Семејни земјоделски стопанства
  • Регистриран индивидуален земјоделец
  • Физичко лице регисрирано како: занаетчија, угостител, трговец поединец,

– Правни лица (микро и мали претпријатија):

  • Правни лица регистрирани воЦентрален регистар, кои не вработуваат над 50 вработени и немаат годишен обрт над 10 милиони €.

-Задруги

  • Задруги регистрирани во Централен регистер согласно законот за задруги.

II. За што може да се аплицира во Руралниот Туризам

  • Сместување во соби, апартмани, кампови, бунгалови – Инвестиции во градба / реконструкција за туристички цели во рурални средини мора да го следат традиционалниот стил на градба.

Доколку барателот е физичко лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:

  • 10 соби (20 гости)
  • 10 сместувачки единици за сместување на отворено (30 гости)
  • 50 гости за ресторански услуги

Доколку барателот е правно лице, инвестициите во градба / реконструкција за туристички цели за сместување и / или ресторански услугисе ограничени на:

  • 20 соби (50 гости)
  • 30 сместувачки единици за сместување на отворено (90 гости)
  • 150 гости за ресторански услуги
  • Готвење и служење на храна
  • Соби за дегустација / продажба.
  • Рурални музеи
  • Простории за семинари / обуки,
  • Едукативни фарми
  • Рекреативни активности на туристите.

III. Стандарди

На крај на инвестицијата потребно е да се достигнат минималните национални стандарди за :

  • Јавно здравје
  • Благосостојба на животните
  • Безбедност на храна
  • Заштита при работа
  • Заштита на животна средина

IV. Висина на финансиска поддршка

Висината на финансиската поддршка изнесува 65% од вкупните прифатливи трошоци на инвестицијата (трошоците без ДДВ).

  • Минимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект е – 1500 €
  • Максимална вредност на вкупните прифатливи трошоци за инвестициски проект е – 1 000 000 €

V. Економска одржливост

Економската оддржливост на инвестицијата, барателот ја докажува преку:

  • Технички прелог проект (за инвестиции до 50 000 €)
  • Деловен план (за инвестиции над 50 000 €)

VI. Прифатливи трошоци

  • Прифатливи трошоци се: градежни материјали и елементи за изградба на нови објекти или реконструкција и адаптација на постоечки објекти (згради и инфраструктура за целосно функционален капацитет).
  • Инсталација на соодветна опрема
  • Обезбедување на хигиенски и санитарни услови
  • Помошни простории
  • Капацитети за внатрешно и надворешно сместување и за рекреативни цели

Обезбедување на пристап, уредување и офрадување.

VII. Листа на потребни документи

  1. Комплетно пополнето барање за мерката Диверзификациа на фармите и развој на бизниси – Документот го има на ВЕБ страницата на АФПЗРР
  2. Копија од важечка лична карта или пасош
  3. Изјава од барателот (Физичко лице) дека до крајот од инвестицијата ќе регистрира економска активност како:
  4. Занаетчија или
  5. Угостител или
  6. Трговец поединец

Документот го дава самостојно барателот

  • Диплома / сертификат за економски неземјоделски активности (Документот се доставува во оригинал или копија заверена на нотар)

или

Изјава од барателот дека на крајот од инвестицијата ќе достави сертификат со учество на тренинг модули релевантни на инвестицијата, издаден од релевантна институција. – Изјавата ја дава самостојно барателот.

  • Доказ дека барателот (за Правно лице) не е во постапка на стечај – Документот го издава Централен Регистар
  • Доказ дека барателот (за Правно лице) не е во постапка на ликвидација – Документот го издава Централен Регистар
  • Доказ дека врз барателот не е изречена прекршочна санкција, забрана за вршење професија, дејност или должност – Документот го издава Централен Регистар
  • Копија од Акционерска книга – само ако барателот е регистриран како АД.
  • Потпишана изјава за големина на барателот (правно лице) – микро или макро претпријатие.
Ранг на претпријатие Број на вработени Годишен приход (обрт) Биланс на состојба
Мало < 50 < 10 милиони € < 10 милиони €
Микро < 10 < 2 милиони € < 2 милиони €

Документот го дава самостојно барателот.

  1. Потврда дека најмалку едно одговорно лице е во редовен  работен однос во правното лице,

или

Потврда дека најмалку едно одговорно лице е ангажирано со договор за работа, или

Потврда дека најмалку едно одговорно лице е привремено вработено во правното лице кое е барател на финансиска поддршка.

  1. Уверение за подмирени обврски по основ на даноци, здравствено, пензиско и инвалидско осигурување – Документот го издава Управа за јавни приходи
  2. Доказ дека инвестицијата е во согласност со Стратегијата за локален економски развој на единицата на локална самоуправа – Документот го издава Општината – сектор за ЛЕР.
  3. Имотен лист за објект и/или земјиште (доколку има договор за закуп или концесија за имотот, договорот треба да е впишан во имотниот лист) – Документот го издава Агенција за катастар.
  1. Договор за закуп на:
  2. Објект или
  3. Земјиште

Документот го доставува барателот во оригинал или копија заверена на нотар.

  1. Договор за концесија на:
  2. Објект или
  3. Земјиште

Документот го доставува барателот во оригинал или копија заверена на нотар.

  1. Доказ за редовно подмирени обврски по основ на договор за кредит во случај кога банката има воспоставено залог врз имот впишан во имотниот лист – Документот го издава банката од каде што е подигнат кредитот.
  1. Решение за одобрен елаборат за животна средина, или

Решение за одобрен елаборат за заштита на животна средина со одобрен акционен план, или

“А“ – интегрирана еколошка дозвола, или

“Б“ интегрирана еколошка дозвола, или

Поднесено барање за издавање на некој од претходно наведените четири документи

Документот го издава Министерство за животна средина или Општината.

  1. Една понуда издадена од добавувач за секоја ставка / група на ставки со износ помал од 10 000 евра, придружена со техничка спецификација и изјава за земја на потекло за секоја ставка.

Документите  ги издава понудувачот (фирмата) која ќе ги извршува работите или од која што ќе се набавува опремата.

  1. Три понуди издадени од добавувачи за секоја ставка / група на ставки со износ поголем од 10 000 евра, придружена со техничка спецификација и изјава за земја на потекло за секоја ставка.

Документите  ги издаваат понудувачите (фирмите) кои ќе ги извршуваат работите или од која што ќе се набавува опремата.

  • Копии од лиценци за градба за релевантната категорија на градба за секој понудувач – Документите  ги издаваат понудувачите (фирмите) кои ќе ги извршуваат работите или од која што ќе се набавува опремата.
  • Копија од акционерска книга за сите понудувачи кои се регистрирани како акционерски друштва – копија. – Документите  ги издаваат понудувачите (фирмите) кои ќе ги извршуваат работите или од која што ќе се набавува опремата, а кои се АД

Изјава од барателот за понудата која ја одбрал за реализација на проектот, се доставува докиолу не е избрана понудата со најниска цена – Документот  го доставува барателот со објаснение за причините на изборот.

  •  Договор за општи трошоци – Документот  го доставува барателот доколку има претходно склучено таков договор.
  • Фактура за платени општи трошоци – Документот  го доставува барателот доколку има претходно направено општи трошоци (изработка на проекти, елаборати поврзани со проектот, изработка на  деловни планови, и др.)
  • Одобрение за изградба на:
  • Изградба на нов објект
  • Реконструкција на постоечки објект
  • Адаптација на постоечки објект
  • Доградба на постоечки објект
  • Надградба на постоечки објект
  • Изведена состојба
  • Поставување на опрема за производство на енергија од обновливи извори за сопствени потреби

Документот го издава општината во која се изведува градбата / инвестицијата.

Доколку барателот во моментот на поднесување на барањето го нема соодветниот документ од горе наведените, поднесува своерачно потпишана изјава со која се обврзува дека документот ќе го достави  до денот на донесување на решение за одобрување на барањето за финансиска поддршка, но не подоцна од 1 година од поднесување на барањето.  или

Потврда од релевантна институција дека за предложената инвестиција не е потребно одобрение за градба.

  • Копии или електронска форма (ЦД) од основните технички цртежи и предмет пресметка од ревидираната техничка документација за:
  • Изградба на нов објект
  • Реконструкција на постоечки објект
  • Адаптација на постоечки објект
  • Доградба на постоечки објект
  • Надградба на постоечки објект
  • Изведена состојба

Документот  го доставува барателот од проектот за градба.

  • Времена ситуација  / состојба за сите завршени градежни работи, завршени пред одобрување на проектот. – Документот  го доставува барателот
  • Деловен план – доколку инвестицијата е поголема од 50 000 ЕВРА – Документот  го доставува барателот, а го изготвува фипма по избор на барателот.
  • Технички предлог проект – доколку инвестицијата е помала од 50 000 ЕВРА – Документот  го доставува барателот, а го изготвува фипма по избор на барателот.,

ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ – ПРОМОЦИЈА НА РУРАЛЕН ТУРИЗАМ

  1. Поднесено барање за добивање на согласност за основање на Автокамп ( ако инвестицијата е автокамп) – Документот го издава Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
  2. Решение за вршење на угостителска дејност за:
  3. Сместување и/или
  4. Послужување на храна

Документот го издава министерството надлежно за раководење со секторот угостителство.

  • Решение за категоризација – издадено од Општината или Министерство за Економија.
  • Технички цртежи придружени со пишан елаборат за традиционалниот стил на градба и опис на градежните материјали кои ќе се употребуваат на постоечките традиционални градби во руралната област каде што се оланира да се реализира инвестицијата.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *