Услови, критериуми, бодови, потребни документи, се за аплицирање за мерката МЛАД ЗЕМЈОДЕЛЕЦ за неповратни 10.000 евра

Вести Огласи Совети

МЕРКА 112 – ПОМОШ НА МЛАДИ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ЗА
ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ
ОПИС НА МЕРКАТА
Поддршката за започнување со земјоделска дејност се доделува на млад
земјоделец кој за прв пат започнува да се занимава со земјоделска дејност
преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување
на ново земјоделско стопанство.

Согласно член 67 од Законот за земјоделство и рурален развој, поддршката по
Мерка 112 се реализира преку одобрен деловен план од страна на Агенцијата
кој треба да предвидува инвестициони активности за модернизација на
земјоделското стопанство за период од најмногу три години од денот на
одобрувањето на поддршката.

КОРИСНИЦИ
Општа дефиниција за корисник

Потенцијални корисници за Mерка 112 Помош на млади земјоделци за
започнување на земјоделска дејност се носители на земјоделско стопанство
упишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност
со Закон за земјоделството и рурален развој по следниве основи:

Физички лица:

 Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство
вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на
земјоделска дејност;
 Индивидуален земјоделeц – носител на семејно земјоделско стопанство
кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и
инвалидско осигурување;
 Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство кој се
занимава со земјоделство како дополнителна дејност;
 Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва;
 Трговско друштво – регистриран согласно Закон за трговски друштва.
Млад земјоделец е носител на земјоделско стопанство на возраст од 18 до 40
години. На денот на поднесување на барањето до Агенцијата, носителот на
земјодлеското стопанство потребно е да има помалку од 40 години.

КРИТЕРИУМИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ БАРАТЕЛОТ

 Барањето за поддршка да е поднесено не подоцна од 18 месеци од
денот на запишување на промената на носителот на земјоделското
стопанство или новото земјоделско стопанство во Единствениот
регистар на земјоделски стопанства,
 Подносителот на барањето да има минимум средно образование од
областа на земјоделството или поминато обука за здобивање на
квалификации за земјоделска дејност освен во случај кога деловниот
план предвидува потреба од обука,
 Подносителот на барањето да е носител на земјоделското стопанство и
 Подносителот на барањето да ги почитува добрите земјоделски пракси и
мерките за заштита на природата и благосостојба на животните.

ВИСИНА НА ПОДДРШКА
Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до
600.000,00 денари.

НАЧИН НА ФИНАНСИРАЊЕ
ОПШТИ ПРИНЦИПИ

Финансирањето од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој
за 2021 година се врши врз основа на одобрено барање за користење средства
од Програмата и склучен Договор за финансиска поддршка за одобрена
инвестиција. Исплата на средства се врши согласно Програмата за
финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година. Корисникот на
Програмата, во целост е одговорен за реализација на инвестицијата.
Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се
исплаќа на годишно ниво во најмногу три рати.
Корисникот на средства по Мерка 112 може да поднесе барања по други мерки
од Програмата, во согласност со доставениот деловен план. Начинот и
постапката за доставување на барања по други мерки се уредува во согласност
со Програмата.
Доделената финансиска поддршка е неповратна.
Упатство за корисници на средства од Програмата за финансиска поддршка на
руралниот развој за 2021 година – Мерка 112

ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР HA КОРИСНИЦИ

Избор на корисници се врши со проверка на исполнување на условите за
користење на средства за инвестиции предвидени со мерката 112. Барателите
кои ги исполниле условите за стекнување со право на користење на
финансиска поддршка, се рангираат со бодување согласно подолу
прикажаната табела. АФПЗРР ќе склучи договори во рамките на
расположливите средства.

Цели на мерката (критериуми) Бодови

-Доколку целта на инвестицијата е набавка на опрема за после
бербени активности во растително производство; 10

-Доколку целта на инвестицијата е набавка на опрема за
преработка на земјоделски производи и производи од животинско
потекло; 10
-Доколку активностите од деловниот план се одвиваат во ридскопланински подрачја; 10
-Доколку корисникот се занимава или планира да се занимава со сточарство; 10
-Доколку корисникот е член на земјоделска задруга 15
-Доколку корисникот е индивидуален земјоделец – носител на
земјоделско стопанство и регистриран вршител на земјоделска
дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност или
носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус
на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалитско
осигурување, 35

Доколку корисникот е во плански регион, според стапенот на
развиеност на регионот:
– Скопски регион —————————————————————-1
– Југоисточен регион———————————————————–2

– Источен регион—————————————————————-3

– Пелагониски регион———————————————————-4
– Вардарски регион————————————————————-5
– Југозападен регион———————————————————–6
– Полишки регион—————————————————————8
– Североисточен регион——————————————————-10
Вкупно 100

Најголем број на бодови што може да ги добие корисникот за помош на млади
земјоделци за започнување со земјоделска дејност е 100 бода.
За да биде прифатлив, корисникот за помош на млади земјоделци за
започнување со земјоделска дејност треба да добие најмалку 60 бода

– Напомена: Барателот да не користел помош од мерките 112 Помош на
млади земјоделци за започнување со земјоделска дејност и 113 Поддршка
за поттикнување на земјоделското производство.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА МЕРКА 112

VI. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
Напомена: Потребните документите кои се доставуваат во прилог на
барањето за финансиска поддршка, треба да се оригинал на македонски јазик
или копија заверена на нотар, доколку не е поинаку определено. Доколку
документацијата е на друг јазик истата треба да биде придружена со превод
на македонски јазик оверен од овластен преведувач. Доколку се работи за
официјален документ на друга држава треба да биде оверен со апостил.

1.Уредно и целосно пополнето електронско Барање за користење на
средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за
2021 година ПРР – 112;
(поднесено преку e-baranje.ipardpa.gov.mk)
2. Понуда со детална техничка спецификација за производите за кои се бара
финансиска поддршка;
3. Деловен план – изготвен согласно Упатството за изготвување на деловен
план за Мерка – 112;
4.Доказ за завршено образование:
– Диплома за завршено средно образование од област на земјоделство или
– Сертификат за завршена обука за здобивање на квалификации за
вршење на земјоделска дејност
Напомена: Доколку барателот нема сертификат за завршена обука за
квалификуваност за вршење на земјоделска дејност потребно е Деловниот план
да предвидува соодветна обука.

5. Потврда од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување за лица
регистрирани како индивидуален земјоделец согласно Законот за
пензиското и инвалидското осигурување или Решение (тековна состојба)
за регистриран вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење
на земјоделска дејност
6. Доказ за поседување или располагање со недвижен имот:
– Имотен лист – издаден од Агенција за катастар на недвижности на
Република Македонија, не постар од три месеци сметано од денот на
објавување на јавниот повик, или
– Договор за закуп на земјиште/објект во траење од најмалку 5 години
сметано од денот на објавување на јавниот повик, и прилог имотен лист за
земјиште/објектот на име на закуподавачот издаден од Агенција за
катастар на недвижности на Република Македонија, не постар од три
месеци сметано од денот на објавување на јавниот повик, или
– Договор за концесија на земјиште/објект во сопственост на Република
Македонија со важност од најмалку 5 години сметано од денот на
објавување на јавниот повик со Записник за воведување во владение и
прилог имотен лист;
Напомена: Доказ за поседување/располагање со недвижен имот се доставува
во случај кога инвестицијата опфаќа подигање на нов овошен/лозов насад,
систем за наводнување, ископ на бунари, градба, конструкција/реконструкција
на објект/и и пластеници;
7.- Договор за испорака на вода за наводнување со назначени катастарски
парцели на кои се однесува договорот – склучен со водна заедница или
водостопанско претпријатије, или
– Дозвола за црпење на вода која се користи за наводнување издадена од
Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за
животна средина, или
– Известување за поднесено барање за издавање на Дозвола/Мислење за
црпење на вода која ќе се користи за наводнување издадено од
Министерство за животна средина и просторно планирање – Управа за
животна средина или
– Мислење за црпење на вода која се користи за наводнување издадена од
Министерство за животна средина и просторно планирање;
Напомена: (за инвестиции кои вклучуваат набавка на систем за наводнување
и/или ископ на бунар);
8. Одобрение за градба, конструкција/реконструкција со проектна
документација врз основа на која е издадено одобрението за градба,
конструкција/реконструкција од единицата за локална самоуправа
Напомена: (за инвестиции кои вклучуваат градба, конструкција или
реконструкција на објекти)
Упатство за корисници на средства од Програмата за финансиска поддршка на
руралниот развој за 2021 година – Мерка 112

9.- Договор/Понуда за услуги од трети лица за надзор и изведување на
градежни работи, за изработка на опрема, конструкција на елементите и
инсталирање на опрема вклучително и софтвер;
– Договор/Понуда за услуги од трети лица за изработка на деловен план,
студии, елаборати, планска и техничка документација;
Напомена: Договор за услуги од трети лица се доставува доколку услугата е од
физичко лице, или Понуда се доставува доколку услугата е од правно лице.
Договор за услуги се доставува доколку барателот користи услуги од трети лица
и за истите бара финансиска поддршка;
10. Договор/Понуда за обука за вршење на соодветна земјоделска дејност
согласно предвидениот производствен план од деловниот план (доколку
барателот не поседува доказ за завршено соодветно образование а
побарува финансиска поддршка за наведените обуки);
11. Решение за упис во регистар на земјоделски задруги при Министерство за
земјоделство, шумарство и водостопанство (доколку земјоделското
стопанство е член на земјоделска задруга)

ПОСТАПКА ПРЕД АФПЗРР

Поднесување на барање

По објавување на јавниот повик, од страна на АФПЗРР, за поднесување на
барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на
руралниот развој за 2021 година, потенцијалниот корисник на средствата
треба да поднесе електронско барање за користење на средства од Програмата
за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година по соодветната
мерка. Детален опис на постапката за регистрација се наоѓа во „Упатство за
регистрација“. Регистрацијата е еднократна, а добиеното корисничко име се
користи за поднесување на сите идни барања за финансиска поддршка како и
барања за исплата на средства.
Деталниот опис за креирање на барање за финансиска поддршка се наоѓа во
„Упатство за поднесување на барање“. По креирањето и поднесувањето на
електронското барање за финансиска поддршка, истото се превзема, печати и
потпишува од страна на Барателот и заедно со сите пропратни документи,
соодветни на типот на инвестицијата се доставува до Агенцијата во затворени
во плик на кој на горниот лев агол да пишува
„Барање за финансиска поддршка, Архивскиот број на Барањето (0721-
11216-ХХХХ/1)“ на следната адреса:

АФПЗРР – Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и рурален
развој ул. „3-та Македонска бригада” бр.20 (зграда на Македонија Табак блок Ц)
1000 Скопје, Република Македонија или лично на рака во писарницата на
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
(АФПЗРР), на истата адреса.

Обработка на барање и избор на корисници
По направената контрола за комплетност на барањето, веродостојност на
податоците дадени во барањето и неговата прифатливост согласно со
критериумите и во определени случаи контрола на лице место, следува
рангирање на поднесените барања со бодување опишано погоре во ова
упатство. Потенцијалниот корисник ќе биде писмено известен за прифаќање
или одбивање на неговото барање во рок не подолг од 3 месеци од завршување
на јавниот повик.
Доколку барањето биде оценето позитивно и прифатено, АФПЗРР до
потенцијалниот корисник испраќа “Решение за одобрување на барање”.
Против решенијата на АФПЗРР не е дозволена жалба и истите се конечни во
управна постапка.
Против решенијата на АФПЗРР може да се поведе управен спор.
Поведувањето на управниот спор не го одлага извршувањето на решението
(член 20 од Законот за основање на АФПЗРР за финансиска поддршка во
земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република
Македонија“ бр.72/07, 05/09, 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и 190/19).
Напомена: Документите од Централен регистар на Република Македонија
како и податоците од Единствениот регистар на земјоделски стопанства,
Агенцијата го прибавува по службена должност.

Склучување на договор
Со решението за одобрување на барање (проектот), АФПЗРР го известува
потенцијалниот корисник дека во определен рок треба да дојде во
просториите на АФПЗРР да потпише „Договор за финансиска поддршка“
(пример договор е даден во прилог на ова упатство). По потпишување на
договорот потенцијалниот корисник може да отпочне со реализација на
проектот. Договорот се потпишува во 4 (четири) идентични примероци од
страна на корисникот и директорот на АФПЗРР, од кои по два примерока
добива секоја од договорните страни.
Обработка на барање за исплата и постапка за одобрување на исплата
Откако ќе биде завршена инвестицијата корисникот треба да достави барање
за исплата и останата документација со која ќе се потврди дека инвестицијата
е завршена. Документите кои ќе бидат доставени од страна на корисникот
треба да бидат заверени со потпис и печат од органот/фирмата која ги издава.

Барање за исплата е унифициран образец кој корисниците ќе го добијат при
потпишување на договорот за финансиска поддршка.
Барањата за исплата се доставуваат до АФПЗРР согласно временскиот рок
определен во Договорот. Корисникот е обврзан своерачно или електронски да
го пополни соодветното барањето за исплата и ги достави потребните
документи до АФПЗРР, притоа наведувајќи за која мерка и тип на инвестиција
го поднесува истото.
Проверката на финансиската документација се извршува исклучиво на
оригинали или копии заверени на нотар при што во случај да се доставени
оригинални документи после завршување на постапката за одобрување на
исплата АФПЗРР ги враќа истите заедно со донесеното решение до крајниот
корисник. Истите ќе бидат означени со печат на АФПЗРР како би се избегнало
понатамошно двојно финансирање.
Доколку документите кои се пропратни кон барањето за исплата се достават
после рокот, барањето ќе биде одбиено и договорениот износ на финансиска
поддршка нема да биде исплатен.
Доколку корисникот направил промени во инвестицијата кои не се предмет на
договорот, а притоа не е поднесено барање за анекс на договор, истото барање
нема да биде исплатено, или ќе биде делумно исплатено во зависност од
ефектот кој настаната промена ќе го има врз целокупната инвестиција која е
предмет на договорот.
Доколку корисникот не се придржува кон одредбите од договорот кои се
однесуваат на рокот на реализација на инвестицијата, треба да се има во
предвид дека сите активности настанати пред потпишување на договорот
(освен трошоците направени за интелектуални услуги) нема да се дел од
финансиската поддршка. Сите активности набавени пред рок т.е. пред
потпишување на договорот нема да бидат предмет на инвестиција. Исто така
сите набавени и исплатени активности после рокот на реализација на
инвестицијата или во рокот на доставување на барањето за исплата нема да
бидат предмет на финансиска поддршка.
По административната проверка доколку барањето за исплата е комплетно и
соодветно, предметот ќе биде проверен на лице место од страна на овластени
лица на АФПЗРР кои имаат за цел да ја проверат реализацијата на
инвестициајта во целост и во согласност со договорот. По извршената
контрола на лице место, ќе биде изработен извештај во кој детално ќе биде
опишана фактичката состојба утврдена на лице место. Истиот треба да биде
потпишан од страна на лицата кои ја вршат контролата и од самиот корисник
или овластено лице од страна на корисникот. Во случај на забелешка на
извршената контрола, корисникот има право истата да ја наведе во
извештајот.
По извршената контрола, доколку се констатира дека реализацијата на
инвестициајта е во целост и во согласност со договорот, се продолжува со
постапката за одобрување на исплата. Доколку се констатира неусогласеност
на процесот на реализација на инвестицијата во целост и во согласност со
договорот се продолжува постапката за одбивање на барањето за исплата.
Откако ќе биде одобрена исплатата, АФПЗРР донесува решение за
одобрување на исплата. Доколку биде одбиено бaрањето за исплата, АФПЗРР
донесува решение за одбивање.
Со решението крајниот корисник ќе биде известен за сумата која му е
одобрена т.е одбиена, притоа може да приложи тужба до Управен суд согласно
законските предвидени постапки.
Сите одобрени и исплатени инвестиции ќе бидат предмет на контрола во
период од 5 години после извршената исплата со цел да констатира
оддржливоста и непроменетоста на инвестицијата согласно договорот.

ГЕНЕРАЛНИ НАПОМЕНИ
1. Барателот поднесува уредно и комплетно пополнето барање за
користење на средства.
2. Еден барател поднесува посебно барање за секоја мерка. Еден барател
може да поднесе најмногу 2 барања по различни мерки од тековната
програма. Во рамките на иста мерка, барателот може да поднесе само 1
барање кое се однесува само на еден тип на инвестиција.
3. Барателот ја доставува документацијата во затворен плик преку
препорачана пошта на адреса: АФПЗРР за финансиска поддршка во
земјоделството и руралниот развој, ул.Трета Македонска Бригада бр. 20
(зграда Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје, или со предавање во
архивата на АФПЗРР секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
4. Барателот ја доставува дополнителната документација во затворен плик
преку препорачана пошта на адреса: АФПЗРР за финансиска поддршка
во земјоделството и руралниот развој, ул.Трета Македонска Бригада бр.
20 (зграда Македонија Табак блок Ц) 1000 Скопје, или со предавање во
архивата на АФПЗРР секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. На
предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува дополна за
архивски број кој ќе биде наведен во известувањето за дополнување на
барањето.
5. Доколку понудите или про-фактурите кои се доставени во прилог на
барањето (проектот) се од странство, потребно е истите да бидат
преведени на македноски јазик од овластен судски преведувач.
6. Исплатата на средства од оваа Програма по корисници ја врши АФПЗРР
врз основа на претходно одобрени барања со склучен договор за
финансиска поддршка за рурален развој и одобрени барања за исплата.
7. Доколку вкупната вредност на инвестицијата без ДДВ наведена во
барањето, се разликува од вкупната вредност на инвестицијата без ДДВ
наведена во понудата/про-фактурата, АФПЗРР како важечка сума за
ко-финансирање ќе ја земе пониската вредност.
8. Доколку корисникот на средствата од програмата сака да направи
измена на договорот, истиот е должен да достави барање за измена на
договорот.
9. Доколку барателот или корисникот на средства од програмата ја
промени адресата за коресподенција, истиот е должен да ја извести
АФПЗРР.
10. Доколку барателот се откажува од инвестицијата односно
финансиската поддршка од АФПЗРР пред донесување на одлука за кофинансирање, истиот е должен писмено да ja извести АФПЗРР.
11. Одобрените и исплатени средства се неповратни при што корисникот не
смее да ја отуѓи инвестицијата ко-финансирана од средствата на оваа
Програма во рок од 5 години од денот на исплатата на средствата.
12. Опремата која ќе биде предмет на договорот треба да биде нова опрема
(нова опрема е опрема која е произведена не порано од 2019 година, 2
години од датум наведен во фактурата, кој мора да биде втиснат на
опремата).
13. Почеток на реализација на инвестициите е по потпишување на
договорот.
14. Сумата наведена во барањето мора да соодветствува со сумата во
поднесените понуди/профактури.
15. АФПЗРР го задржува правото да побара дополнителна документација.
16. За инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства согласно
член 70 став 11 од Законот за земјоделство и рурален развој (Сл.весник на
РМ бр.49 од 12.04.2010 година), највисокиот износ на поддршка по
поединечен корисник е најмногу 30.000.000,00 денари за период од 3
години од годината на исплата на средствата за поддршка за
инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства.
17. Максималниот рок за реализација на инвестициите ќе биде 6 месеци пo
склучување на договорот со АФПЗРР
НАПОМЕНА: Во случај на техничка грешка во текстот на ова Упатство
важат одредбите од Програмата за финансиска поддршка на руралниот
развој за 2021 година, Законот за земјоделство и рурален развој,
Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките
за рурален развој и Правилникот за поблиските дополнителни услови за
поддршката од мерките за рурален развој.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *