
Одобренијата за извоз им се издадени во периодот од јуни 2017 до крајот на декември 2019.
-Станува збор за компании кои извезуваат главно храна од животинско потекло, јајца, млечни, месни и производи од риба, рече Атанасов.
Според него, АХВ го изврши прилагодувањето на законодавството со европското во најголем дел преку задоволување на хигиенските стандарди, вклучително и за традиционалните производи.
-Унапредени се условите на фармите и благосостојбата на животните, модернизирани се производните објекти за храна од животинско потекло, подобрен е квалитетот на суровото млеко, зголемена е контролата на пестицидите, а сигурен, веродостоен е и системот на националните лаборатории. На овој начин храната произведена во Република Северна Македонија ги гарантира високите стандарди не само за своите, туку и за потрошувачите на ЕУ, подвлече Атанасов.
МИА