Во текот на вчерашниот ден, Управата за хидрометеоролошки работи преку радарските центри Тополчани и Ѓуриште, во соработка со Аероклуб Скопје, дејствуваше во Пелагонискиот регион и Охридско-Праспанскиот, со што повторно е спречена појава на град која би можела да нанесе штеи врз земјоделското производство.
Во периодот од 12:37 до 12:56 часот, извршено е авионско засејување на градоносни облаци во Пелагонискиот регион, при што се употребени 7 палки сребрен јодид. Во Охридско-Преспанскиот регион делувано е со 11 палки во периодот од 13:03 до 13:54 часот.
УХМР заедно со Аероклуб Скопје, имаа неколку успешни акции и во текот на претходните денови 27.05 и 28.05.2021 година и сите се успешно реализирани.
Од досегашното искуство, очигледно е дека мерката за заштита на земјоделските површини од град, дава резултати со што земјоделските посеви се заштитени од уништување на родот.