Усвоен Предлог законот за заштита на Кањонот Матка

Вести

На 122-та седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 1.02.2023 година усвоен е Предлогот на законот за прогласување на Кањонот Матка за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата.

Со конечното усвојување, после долг период на усогласување, постигнат е консензус во интерес на заштита на ова уникатно национално природно богатство.
Со донесувањето на Законот, ќе се овозможи не само заштита на природните вредности, разновидноста на биодиверзитетот, туку и ќе се создадат нови можности за одржливо управување и развој на еко-системот на ова подрачје.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *