Утре попладне и во сабота пороен дожд, грмежи и ветер

Вести

Синоптичарите за утре попладне, особено во јужните делови,  најавуваат нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, ветер над 60 км/час и услови за појава на град.

Ваквото време, според прогнозата на УХРМ, ќе се задржи и во сабота по што повторно следува период на стабилно и потопло време.

Оттаму апелираат до граѓаните да не бидат на отворено и под осамени дрвја доколку има електрични празнења.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *