Утре стабилно и топло време, во среда дожд

Вести

Времето во земјава во текот на утрешниот ден ќе биде стабилно со благ пораст на дневната температура, но, веќе во среда и во четврток се очекува нестабилно време со дожд.

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, во среда во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Изолирана појава на нестабилност претежно во планинските подрачја ќе има и во четврток. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен и западен правец, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Според УХМР, потоа во следните денови се очекува претежно стабилно и потопло време.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *