Утре во Струмица ќе се одржи информативен настан на тема „ Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија“

Вести

Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, утре во Струмица ќе се одржи информативен настан на тема: „РАЗВОЈНИ НАСОКИ НА ПРОГРАМИТЕ ЗА СОВЕТОДАВНИ УСЛУГИ ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЛОКАЛНАТА ЕКОНОМИЈА“.

Информативниот настан ќе биде спроведен од страна на Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Сојузот на стопански комори на Македонија и ЕПИ Центар Интернационал, партнери во Проектот на УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.

 

Целта на овој информативен настан е да се посочат идеи и предлози за идниот развој на советодавните услуги во земјоделието. Да се иницираат конкретни решенија за финализирање на предложените Законски промени како и дополнување на определени Законски акти кои што детално би го регулирале спроведувањето на овој систем, како и одредувањето на државната поддршка за истиот. Наменето е за сите микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со тешкотии во имплементирањето на самите закони и информирање на претпријатијата во Република Македонија за полесно спроведување на законите и паралелно јакнење на јавно-приватниот дијалог.

Информативниот настан ќе се одржи во хотел„Тивериопол“ – Струмица со почеток во 11 часот.

Предавач ќе биде е г-дин Драгослав Коцевски, експерт за советодавни услуги со долгогодишно искуство и професор на Факултетот за Земјоделски науки и храна, повеќе од 20 години.

 

Новинар: М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *