Утре заедничка средба на сите ресорни министри од регионот за надминување на проблeмот со Косово

Вести Полјоделство

Од 2 до 3 милиони евра загуба ќе претрпат македонските земјоделци ако државата не превземе нешто во врска со одлуката на Косово велат од  северозападната стопанска комора. Како и претходните денови така и вчера само  4 камиони со зеленчук и овошје ја преминале границата. Македонските земјоделци веќе неколку пати побараа државата да превземе нешто затоа  што земјоделските производи кои беа наменети за косовскиот пазар останаа на нивите и пазарите во земјава. Надлежните во државава пак сеуште се надеваат дека Косовската влада ќе се вразуми и ќе ја повлече одлуката. Иако ситуацијата е алармантна, тие сеуште не знааат дали и какви мерки би превземале.

Во своето последно соопштение од министертвото за земјоделство велат дека ако и по регионалниот состанок Косово не ја повлече одлуката тогаш ќе се разгледува акко ќе се заштити домашното производство.

– Во среда ќе има заедничка средба на сите ресорни министри од регионот на која ќе се бара заеднички модел како да се надмине овој проблем со Косово. Доколку не се надмине проблемот во среда, наредните денови министрите за земјоделство и за економија, ќе се сретнат со нивните колеги од Косово. Ќе се бара начин за надминување на ситуацијата. Целта е укинување на одлуката и овозможување брз проток на стоки и услуги како и трговска размена помеѓу двете земји. Очекуваме да се постигне соодветен договор, во кој нема да има незадоволни страни и кој ќе биде од интерес на сите, велат од МЗШВ.

Приштина ако не го промени однесувањето, треба да излезе од Цефта. Ова е контролна мерка која ќе ја предложат српските власти на состанокот во среда.

Секако, нашиот притисок кон Европската комисија ќе биде перманентен бидејќи ваквото однесување мора да престане или Приштина да излезе формално од ЦЕФТА договорот. Мислам дека ова е фер, отколку на ваков начин да ги користат бенефитите, па кога ќе ви падне на ум, да воведете вонцарински бариери кон партнерите“, рече Расим Љајиќ, Министер за трговија и туризам на Србија.

Пред неколку дена косовската влада одлучи сите земјдоелски производи кои се извезуваат таму да се царинат со 30 отсто повисока царина.

Од одлуката најмногу на удар се пиперката, доматот и сливата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *