Утре започнува проценката на штетите во овчеполскиот регион

Вести

Комисија за проценки на штетите од невремето што завчера го погоди овчеполскиот регион од понеделник ќе излезе на терен и ќе врши проценки.

Градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА вели дека комисијата има три тима, кои треба да ги посетат атарите на селата Црнилиште, Пеширово, Амзабегово, Кнежје, Гурубинци и Ерџелија и околу градот Свети Николе.

Земјоделците пријавиле штети на житните култури, лозовите насади, бостан, тутун и на другите земјоделски култури.

невреме лозје

– Комисијата на терен ќе излезе во понеделник. Земјоделците пријавија штети на земјоделските култури, но има и материјални штети и на домовите и фармите, вели Велковски.

Според проценките, штети има на сите земјоделски култури, а над 5.000 хекатри во овчеполскиот регион.

уништено лозје

Велковски додава дека од невремето, кое се случи, а беше проследено со град и силен ветар уништена е и кровната конструкција на археолошкиот локалитет „Вила зора“.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *