Вакцинацијата и другите контролни мерки ја спречија епидемијата на болеста на чвореста кожа на Балканот

Вести Совети Сточарство

Европската агенција за безбедност на храна го објави својот годишен извештај за статусот на Болеста на чвореста кожа на територијата на земјите од југоисточна Европа. Согласно најновите наоди, во извештајот се потврдува дека во југоисточна Европа нема појава на нови жаришта на оваа болест во текот на 2018 година. Бројот на појавени жаришта во 2017 година драстично е намален на 385 во споредба со идентификуваните 7,483 жаришта во 2016 година.

Во 2018 година вкупно 2.5 милиони говеда се вакцинирани на територијата на целиот регион со што е постигната опфатеност од 70%. Меѓутоа, болеста на чвореста кожа е сеуште присутна на територијата на Русија, Турција и Грузија, каде што во 2018 година имало појава на 63, 46 и 6 жаришта.

Поради континуираната закана за повторна појава на оваа болест, од земјите во кои истата сеуште не е искоренета, Европската агенција за безбедност на храна во својот извештај препорачува продолжување на програмата за вакцинација во 2019 година во областите со висок ризик на Балканот, како што се Грција, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Северна Македонија, Косово и јужниот дел дел од Србија.

Покрај тоа, секоја земја која ја укинува програмата за вакцинација се очекува да докаже дека е слободна од оваа болест преку поставување на систем за надзор согласно насоките утврдени од страна на Светската здравствена организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ).

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија, следејќи ги препораките на надлежните меѓународни организации, во 2019 година ќе продолжи со спроведување масовна вакцинација на говедата против болеста на чвореста кожа на територијата на целата држава.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *