Велики Петок и вториот ден на Велигден се неработни денови

Вести

Велики Петок пред Велигден (30 април), е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Неработен ден, пак, за сите граѓани на Република Македонија е понеделник, вториот ден на Велигден според православниот календар.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *