Везе Шари – Успешна бизнис приказна

Вести

Во нашата држава има многу примери на успешни бизнис приказни во земјоделското производство. Таков е примерот на компанијата ВЕЗЕ ШАРИ чија приказна започнала во 2000 година и успешно трае до ден денешен. Од мала фарма за еднодневни пилиња до кокошки несилки, денес оваа компанија има широко распостранета своја дистрибутивна мрежа и врши извоз на јајца во земјите од ЕУ и воените сили на НАТО. Компанијата низ годините, континуирано растела и развила уште две кoмпании: преработувачкиот капацитет ЛЕКЕР наменет за производи од пилешко месо и ЕЛЕКТРО ШАРИ – компанија за производство на биогас и електрична енергија.


-Денеска ги посетив сите три капацитети на компанијата. Тие се потврда дека со добра идеја, желба и посветеност може да се изгради успешен бизнис. Нивната приказна нека биде мотив за сите млади луѓе, кои имаат желба да работат во агросекторот.
А ваквите примери се мотив и за мене, преку мојата работа да придонесам вакви примери да имаме уште повеќе, истакна Министерот Хоџа.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *