(ВИДЕО)Бачовски: Минатите години нашата поддршка секогаш надминуваше над 100 милиони евра кои главно завршуваа во земјоделскиот сектор

Вести

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски доби признание за висока професионалност на институцијата што ја води од здружението „Современо земјоделство“. Во своето обраќање Бачовски се заблагодари за признанието и рече дека наградата е поттик и стимул за Агенцијата како институција која е главен двигател во земјоделството и главен финансиер на сите земјоделски активности да работи уште подобро и попрофесионално.

„Ми претставува огромна чест и задоволство да ја примам оваа награда, која не ја гледам само како награда за досега постигнатото, туку и како награда што ни дава поттик и стимул да работиме уште подобро и попрофесионално како институција којашто е главен двигател во земјоделството и главен финансиер на сите земјоделски активности. Како Агенција, минатите години нашата поддршка секогаш надминуваше над 100 милиони евра кои главно завршуваа во земјоделскиот сектор кој е многу важна економска гранка и којашто е вредно да ја поддржуваме и цениме. Минатата година 2020 се соочивме со една огромна економска и здравствена криза во која големи беа предизвиците да се остане на нивото односно да не ја запоставиме поддршката кон земјоделците и мислам дека тоа успешно го направивме. Она што е најважно за нас како држава што цели кон Европската Унија, е да останеме земја којашто е лидер на Западен Балкан во искористување и имплементирање на ИПАРД програмата. Можам само да ви ветам дека и понатаму ќе продолжиме да бидеме уште посервилни и уште попосветени на институцијата која ќе биде сервис на земјоделството и агросекторот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *