(ВИДЕО) Емисија „Договорното производство на органска пиперка“, погледнете го искуството на земјоделците од минатата година – од производство на расад до пари на сметка: Помали трошоци, повисока цена и поголема заработка!

Вести

Пред почетокот на новата сезона од проектот Договорно производство на органска пиперка, (годинава дополнето и со договорно производство на органски сончоглед) погледнете го искуството на земјоделците кои лани влегоа во овој проект за прв пат.

Екипата на Агротим го следеше целиот проект со видео записи и документирани изјави на земјоделците кои зборуваат за тоа како почнале, што ги мотивирало, со какви проблеми се соочиле, колкави трошоци имале и колку заработиле.

Го пренесуваме нивното искуство со цел да мотивираме нови земјоделци кои ќе се приклучат во проектот, со што ќе се зголемат површините под органска пиперка, а со тоа и производството на ајвар кој најголем дел е наменет за странските пазари.

За земјоделските производители Договорното производство е најдоброто решение за нивниот проблем околу пласманот на земјоделските производи но и одличен начин на правилно насочување на земјоделските субвенции кои во овој случај се 100% повисоки од субвенциите за насад со пипер на конвенционален начин.

Во проектот учествуваа земјоделски производители, советници за органско производство, откупувачи, претставници од МЗШВ и АПРЗ и од акредитирани сертификациони тела.

Активноста се спроведува со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – И.М.Е Програма.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *