(ВИДЕО) СН Осигурителен брокер АД Битола – признание за Афирмација и зголемување на земјоделското осигурување

Вести

СН Осигурителен брокер повеќе од 7 години ја има лидерската позиција меѓу брокерските друштва, посебно во делот афирмација и зголемување на земјоделското осигурување, партнер на земјоделците и сточарите со најсоодветното осигурително решение и максимална посветеност и отвореност за соработка со клиентите.

Во рамки на манифестацијата „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“ во организација на земјоделското здружение „Современо земјоделство“ а со медиумска и организациска поддршка на платформата Агротим, на компанијата СН Осигурителен брокер АД Битола ѝ е доделено признание за Афирмација и зголемување на земјоделското осигурување.

„Многу ми е значајна оваа награда бидејќи е детектиран придонесот на нашата компанија. Јас потекнувам од семејство каде што минатите генерации се занимавале со земјоделство. Точно знам колку е тешко да се работи таа фирма на отворено, ние често тоа го користиме како флоскула фирма на отворено, но е баш фирма на отворено погодена од разни непогоди, со неизвесност, земјоделецот спие со едно око и стварно тоа треба да го цениме. Мојата кариера ја започнав во 2008 година како вработен во Вардар осигурување и кога седнав првите денови на колегиумот, разговараат за осигурување во сегменти, викаат осигурување на земјоделство, не, страшно е, ќе имаме проблеми, земјоделците се нервозни, земјоделците имаат проблеми со штети. Тогаш почувствував една сила дека баш тука треба да се фатам со осигурување и тука да ги комбинирам своите компаративни предности и токму тоа се случи. Од 2008 година го афирмирам осигурувањето на земјоделството, а од 2014 година со колегите во СН Осигурителен брокер активно работиме на земјоделството. Ние влегуваме онаму каде што другите не сакаат, односно сме партнери со земјоделците. Сите се плашат да осигуруваат, ние не“, рече Христо Кондовски, извршниот директор СН Осигурителен брокер АД Битола, по примањето на признанието.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *