(ВИДЕО) Важна информација: Министерот Хоџа најавува продолжување на рокот за пријавување за субвенции

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денес најави продолжување на рокот за аплицирање за субвенции.

„Како што сме кажале и порано, обврска на институциите на државата е да излеземе во пресрет на граѓаните што се однесува до субвенциите. Се покажува уште еднаш дека мотивирањето на земјоделците да аплицираат за субвенциите треба да се сфати како развојна компонента на земјоделството и руралниот развој. За да им излеземе во пресрет денес на седница на Владата ќе предложиме да може уште еден дополнителен месец да се одложи рокот за аплицирање за субвенциите, па наместо 31.5.2021 ќе биде 30.6.2021 година, со тоа што даваме дополнителен простор за да можат сите апликанти, односно сите земјоделци да аплицираат за субвенции. Ова е чекор напред дека како Влада сме во постојана комуникација со земјоделците и им излегуваме во пресрет на сите барања што ги имаат од Министерството и од институциите на државата“, рече за Агротим министерот Хоџа.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *