Винотек” ги додели наградите за најдобри вина и ракии произведени во домашни услови

Вести

 

Здружението „Винотек”, кое се залага за негување и развој на винската култура, вински туризам и производи од грозје, синоќа ги додели наградите од натпреварот за најдобри вина и ракии произведени во домашни услови.

Оценувањето беше во пет категории: бели, розе и црвени вина, лозова ракија и мастика.

–ВО КАТЕГОРИЈАТА БЕЛИ ВИНА, НАЈДОБАР БЕШЕ „РИЗЛИНГ” НА ВЛАТКО ТАСЕВ ОД КАВАДАРЦИ. СПОРЕД БРОЈОТ НА ПОЕНИ, ОВА ВИНО БЕШЕ ПРОГЛАСЕНО И ЗА ГРАН ПРИ, НАЈДОБАР ПРОИЗВОД ПРИ ОЦЕНУВАЊЕТО. ВТОРОТО МЕСТО МУ ПРИПАДНА НА КАВАДАРЧАНЕЦОТ АНГЕЛ КОСТАДИНОВСКИ ЗА НЕГОВАТА „СМЕДЕРЕВКА”. КОСТАДИНОВСКИ ЈА ДОБИ И ВТОРАТА НАГРАДА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА РАКИЈА, А ВИСОКО МУ БЕШЕ ОЦЕНЕТО И ЦРВЕНОТО ВИНО, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО, ЈОВАН ЕЛЕНОВ, СООПШТУВАЈЌИ ГИ ИМИЊАТА НА НАГРАДЕНИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ И ДОДЕЛУВАЈЌИ ГИ НАГРАДИТЕ.

Во своето обраќање, Тасев истакна дека произведува за своја душа и дека му претставува задоволство една ваква награда.

Енологот Ангел Лелов, член на Комисијата за оценување на вината и ракиите, им порача на сите учесници на натпреварот, да продолжат со производство.

-ПОНИСКИТЕ ПОЕНИ КАЈ НЕКОИ ДА НЕ ПРЕДИЗВИКААТ ГУБЕЊЕ НА МОТИВОТ ЗА ПРОИЗВЕДУВАЊЕ. НАПРОТИВ, ДА БИДАТ ПРЕДИЗВИК ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ. ДОКОЛКУ ИМА ПОТРЕБА, ДА ПОБАРААТ СТРУЧНА ПОМОШ СО ЦЕЛ ПОДОБАР КВАЛИТЕТ, НАГЛАСИ ЛЕЛОВ.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *