Вински музеј Кавадарци одбележува една година постоење

Вести

Винскиот музеј Кавадарци денеска одбележува една година постоење.

По тој повод, вечерва во дворот на музејот, во кавадаречкиот Градски парк, ќе се реализира ликовна изложба насловена „Една година успешна приказна”. Како што информира од оваа културна установа, на изложбата ќе бидат презентирани 10 уметнички дела со тематика „Лозарството и винарството низ историјата”.

Од културната институција Јавна општинска установа Локален вински музеј за регион „Тиквеш”, соопштија исто така дека на настанот, ќе биде даден и отчет за работата на музејот во оваа прва година од своето постоење.

Оттаму потсетија дека активноста ќе се одржи на отворено во дворот на Вински музеј, согласно протоколите за заштита од Ковид-19 ./МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *