Висина на субвенции за градинарски култури за 2021

Вести

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници по обработлива земјоделска површина за градинарско производство, објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка 1.Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за градинарско производство.

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засеани и ожнеани површини со следните градинарски култури: домати, пипер, лубеница, диња, тиква, грав, боранија, грашок, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, морков, целер, цвекло, пашканат, аспарагус, ротквици, цвеќе и засеани култивирани лековити, ароматични и зачински растенија и за одржување на повеќегодишни култивирани лековити, ароматични и зачински растенија.

Минимум 0,2 ха засеана површина збирно за сите култури;

-Висината на директните плаќања изнесува:

  • домат, краставица, пипер, цвеќе, компир, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, зелена салата, брокула, карфиол, модар патлиџан, морков, целер, цвекло, тиквички, пашканат, изнесува 30.000 денари по хектар, односно 36.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 ха до максимум 5 хектари,
  • за лубеница, тиква, диња изнесува 6.000 денари по хектар односно 6.600 денари по хектар за земјоделски стопанства со површина од минимум 1,5 хектари до максимум 5 хектари;

-Висината на директни плаќања за грав, спанаќ, боранија, грашок, аспарагус, ротквици и засеани култивирани лековити, ароматични и зачински растенија, и за одржување на повеќегодишни култивирани лековити, ароматични и зачински растенија, изнесува 10.000 денари по хектар, односно 12.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари;

-Висината на поддршката за грав, спанаќ, боранија, грашок, аспарагус и ротквици од оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,2 ха до 10 ха 100%, од 10 ха до 50 ха 60%, од 50ха до 100 ха 30%, и над 100 ха 10% збирно за сите градинарски култури;

Листа на засеани култивирани лековити, ароматични и зачински растенија и за одржување на повеќегодишни култивирани лековити, ароматични и зачински растенија:

 

Мерка 1.5 Допонителни директни плаќања од подмерка 1.4 за призводство под контролирани услови на домати, пиперки и краставици

-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства производители на домати, пиперки и краставици во затворени простории под контролирани услови и се корисници од подмерка 1.4 од Уредбата;

-Висината на директни плаќања изнесува 99.000 денари по хектар за производство во контролирани услови и производството да е продадено на домашен пазар или остварен извоз во период од 1 јануари до 15 мај 2021 годна во следните минимални количини:

  • за оранжерии кои се загреваат: домати 50.000 килограми по хектар, пиперки 30.000 килограми по хектар и краставици 80.000 килограми по хектар и
  • за пластеници кои се загреваат: домати 20.000 килограми по хектар, пиперки 15.000 килограми по хектар и краставици 32.000 килограми по хектар.

Мерка 1.6 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.4 за градинарски култури предадени во преработувачки капацитети

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со градинарски култури и се корисници од подмерка 1.4 од оваа уредба, оствареното производство да е предадено во преработувачки капацитети за зеленчук директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2020 година до 25 декември 2021 вклучително и произведените градинарски култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

-Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм за сите градинарски култури.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април. Ве очекуваме во Современо Земјоделство за брзо, точно и бесплатно пријавување на субвенции.

М-р Билјана Петровиќ

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *