Висината на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки лозови насади

Вести

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници, за одржување на постоечки лозови насади , објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка 1.9: Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат површини под лозови насади и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;

-Минималната површина под лозови насади е 0,2 ха, а минималниот потребен број на садници е 1.389 садници по хектар, за лозови насади подигнати до пролет 2020 година;

-Висината на директните плаќања изнесува 40.000 денари по хектар односно 48.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 10 хектари;

-Висината на поддршката од оваа мерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа: од 0,2 ха до 10 ха 100%, од 10 ха до 30 ха 60%и над 30 ха 30% збирно за сите сорти.

Спроведување на мерките за директни плаќања по површина се врши врз основа на барања кои треба да содржат податоци за површината на катастарските парцели евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Максималната дозволена површина на катастарските парцели за кои се поднесува барање дополнително е ограничена со површината евидентирана во Системот за идентификација на земјишните парцели со утврдена употреба на земјоделско земјиште на земјоделското стопанство.

Крајниот рок за поднесување на барањата за мерката 1.9 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година е до 31 мај 2021 година.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *