-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 ха површина со постоечки овошни насади за секој овошен вид посебно и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства
Мерка 1.7: Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади (ореви, бадеми , лешници и питом костен)
-Прифатлив минимален број на овошки по хектар за за постоечки производни овошни насади, за секој од наведените овошни видови одделно е даден во следната Табела која е составен дел на оваа уредба;
Табела за минимален број на овошки – садници по хектар за постоечки производни овошни насади по овошни видови
ед. број | Овошен вид | Прифатливиот број на садници по хектар е над |
1. | ореви | 70 |
2. | бадеми | 330 |
3. | лешници | 270 |
4. | питом костен | 200 |
-Висината на директните плаќања за бадем и лешник изнесува 25.000 денари по хектар, односно 30.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка до минимум 1 хектар и максимум 5 хектари;
-Висината на директните плаќања за ореви и питоми костени изнесува 15.000 денари по хектар, односно 18.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари;
Крајниот рок за поднесување на барањата за мерката 1.7 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година е до 31 мај 2021 година.