Висина на субвенциите за 2021 година, за поледелските култури

Вести

 

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници за поледелски култури, објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка 1.1 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури освен тутунот.

-Коисници на оваа подмерка можат да бидат земјоделски стопанства кои во производната 2020/2021 година имаат засеани и ожнеани површини со следните култури: пченица, јачмен, пченка, ‘рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), за засеана или одржувана површина со луцерка.

-Минимум засеана површина збирно за сите култури е 0,5 ха во производната 2020/2021 година;

-Висината на директните плаќања за пченица, јачмен, пченка, ‘рж, овес, тритикале, хељда, сирак, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), за засеана или одржувана површина со луцерка изнесува 12.000 денари по хектар, односно 14.400 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 5 ха до максимум 50 ха со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимална употребената количина на семе по хектар;

-Висината на директните плаќања за ориз изнесува 25.000 денари по хектар односно 30.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 5 хектари до максимум 50 хектари задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал согласно минимално употребена количина на семе по хектар;

-Висината на директните плаќања за афион изнесува 16.000 денари по хектар, односно 19.200 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 5 хектари до максимум 50 ха, со задолжителна употреба на сертифициран семенски материјал согласно минималната употребена количина на семе по хектар.

-Висината на директните плаќања за сите наведени култури од оваа подмерка (пченица, јачмен, пченка, ‘рж, овес, тритикале, хељда, сирак, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, маслодајна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток), засеана или одржувана површина со луцерка) изнесува 6.000 денари по хектар, освен за сончоглед и афион каде изнесува 8.000 денари по хектар и за ориз изнесува 18.000 денари по хектар без здолжителна употреба на сертифициран семенски материјал.

-Висината на поддршката за културите наведени во точките (3,4,5 и 7) од оваа подмерка се намалува со зголемување на површните и тоа:

– од 0,5 до 50ха 100%,

од 50 ха до 100 ха 60%,

– над 100 ха 30% збирно за сите култури.

Мерка1.2 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1 за обработлива земјоделска површина со големина од 5 до 50 хектари

-Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои во производната 2020/2021 година имаат засеани со сертифициран материјал и ожнеани површини со поледелски култури со пријавена површина од 5 до 50 ха збирно за следните култури: јачмен, пченица,’рж, овес и сончоглед, а се корисници на подмерка 1.1

-Оствареното производство да е продадено во пеработувачки капацитети вклучително и произведенит жита за потреите на сопствениот преработувачки капацитет, а запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

-Висината на поддршката е условена со остварени просечни приноси –над 4.000кг/ха за пченица,

3.000 кг/ха за јачмен,

3.000кг/ха за ‘рж,

3.000кг/ха за овес и

 1.500кг/ха за сончоглед:

-Висината на диреткните плаќања за засеана површина со сертифициран семенски материјал од јачмен, пченица, ‘рж, овес и сончоглед изнесува 5.760 денари по хектар.

1.3 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1 за обработлива земјоделска површина со сончоглед

– Корисници на оваа одмерка се земјодески стопанства кои имаат засеани и ожнеани површини со сончоглед и се корисници од подмерка 1.1

-Висината на директни плаќања за засеани површини со сертифициран семенски материјал од снчоглед изнесува 3.000 денари по хектар.

Спорведувањето на мерките за директни плаќања по површина се врши, врз основа на поднесени барања кои треба да содржат податоци за површината на катастарските парцели евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства до 15 март 2021 година. Максималната дозволена површина на катастарските парцели за кои се поднесува барање е дополнително ограничена со површината евидентирана во Системот за идентификација на земјишните парцели со сотојба на 15 мрт 2021 година.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *