Висина на субвенциите за 2021 година за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

Вести Совети Сточарство

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници, за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања во сточарското производство, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка 2.3: Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови животни (говеда, овци и кози) и сопственото производство и го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко за период од октомври 2020 година до септември 2021 година, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

-Корисници на оваа подмерка се и земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови животни (говеда, овци и кози) за произведеното млеко за период од октомври 2020 година до септември 2021 година, за потребите на сопствениот преработувачки капацитет запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

-Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко на преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4,5 денари по литар произведено и предадено овчо и козјо млеко на преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Реализацијата на подмерката 2.3.(Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко) од оваа уредба ќе се врши според податоци за откупени количини кравјо, овчо и козјо млеко за период од октомври 2020 година до септември 2021 година кои до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе ги доставуваат регистрираните откупувачите на сурово млеко.

Административните проверки и контроли потребни за реализација на директните плаќања се вршат врз основа на податоци евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

 

Пријавувањето за млеко за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април. Во Современо Земјоделство, пријавете бесплатно, точно и навремено.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *