Висина на субвенции за одгледување живина за 2022 година

Вести

Програмата за Директни плаќања за 2022 година се усвои на седница на Влада. Ви пренесуваме дел од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2022 година што се однесува за одгледување живина.

2.15. Директни плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирани кланични капацитети

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани бројлери во период од 1 мај 2021 година до 30 април 2022 година во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско
потекло;

-Висината на директните плаќања изнесува 40 денари по пиле.

2.16. Директни плаќања за амортизирани несилки заклани во регистрирани кланични капацитети

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат одгледани и продадени или заклани амортизирани несилки во период од 1 октомври 2021 година до 30 септември 2022 година во преработувачки капацитети запишани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло;

-Висината на директните плаќања изнесува 80 денари по несилка.

2.17. Директни плаќања за произведени и продадени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни
женски пилиња од јајценосни хибриди

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои произвеле и продале еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди во период од 1 мај 2021 година до 30 април 2022 година;

-Висината на директните плаќања изнесува 10 денари за продадено пиле.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *