На вчерашната седница, Владата донесе одлука за обесштетување на сите земјоделци од Преспанскиот регион чии површини настрадаа поради временска непогода во јули 2019 година. Обештетувањето ќе биде во износ од 30% од проценетата штета.
Оваа Влада повторно покажа вистинска грижа за земјоделците. Временските непогоди предизвикуваат сериозна штета врз земјоделското производство, но со заеднички сили ќе продолжиме да го одржуваме и развиваме нашето земјоделско производство, а земјоделците знаат дека оваа Влада и ние како ресорно министерство секогаш ќе бидеме нивни партнери.
Министер за земјоделство, Арјанит Хоџа