Владите на Македонија и Косово преговараат за изнаоѓање решение за зголемените царини

Вести

Во насока на решавање на проблемот со воведените зголемени царини од страна на Косово, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, е во постојана комуникација со ресорните министри од регионот. Следната недела е планирана заедничка средба на сите ресорни министри од регионот, на која што ќе присуства и министерот Николовски, а се со цел да се добие заеднички модел за надминување на проблемот.

Истовремено, Владата на Република Македонија и Владата на Косово од вчера се во постојана комуникација, за изнаоѓање на соодветно решение. За таа цел, министерот Николовски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, следната недела ќе имаат средба со косовските ресорни министри.

Денеска министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, ќе се сретне со државниот врв на Косово. На средбите, меѓудругото, ќе се разговара и за одлуката на Косово за зголемување на царините за увозните земјоделски производи .

Во текот на вчерашниот ден Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство и Министерството за економија, испратија допис до ЦЕФТА, Европската унија и до Владата на Косово, во кое се бара повлекување на одлуката на Косово за зголемување на царините за увозното овошје и зеленчук. Доколку Косово не ја повлече одлуката, Владата на Република Македонија ќе преземе мерки за заштита на домашното производство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *