Во 359 акциски контроли, одземени 510 метри кубни дрвна маса

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваа на конференцијата на тема „Заштита на шумите, искуство и научени лекции од Италија“, заедно со амбасадорот на Италија, Карло Ромео и генералот на италијанската Карабињера, Донато Монако.

– Заштитата на шумите како природно национално богатство е еден од приоритетите на оваа Влада. Во тесна соработка со Министерството за внатрешни работи изминатите шест месеци спроведовме 359 заеднички акциски контроли, а беа одземени 510 метри кубни дрвна маса, изјави Николовски.

Целта на денешниот настан е унапредувањето на заштитата на шумите и искористување на италијанските искуства во делот на заштита од пожари и нелегална сеча нашумите.

Николовски додаде дека заеднички со МВР и со помош на странските искуства во следниот период ќе преземаат мерки за заштита и одржливо стопанисување со шумите.

 

Б.П. за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *