Во 2023 година ЈП „Национални шуми“ планира да произведе вкупна бруто дрвна маса од 694.372м3

Вести

Владата ја разгледа Програмата за работа на ЈП Национални шуми со финансискиот план за 2023 година, како материјал за информирање. Програмата за работа претставува збир на поединечните програми на 30-те подружници во состав на Јавното претпријатие и е изработена во согласност со Посебните планови за стопанисување со шумите, како и во склад со реалните можности, технички капацитети и човечки ресурси во секоја подружница.

Програмата за работа на Јавното претпријатие е еден од најзначајните документи, со кој се планираат конкретните задачи кои треба да се остварат во тековната година, притоа имајќи го предвид остварувањето на главната општествена задача и основната цел во работењето, а тоа е заштита и одгледување на шумите, како добро од општ интерес. Во 2023 год. ЈП Национални шуми планира да произведе вкупна бруто дрвна маса од 694.372м3. Продажбата на дрвните сортименти ќе се врши врз основа на Правилникот и Ценовникот со цени на главните шумски производи, за домашен и меѓународен пазар.

ЈП Национални шуми

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *