Во Делчево преку Источно-плански регион во 2020 реализирани проекти од над 20 милиони денари

Вести

Во Делчево преку програмата за работа на Источно-планскиот регион во 2020 година се реализирани проекти во висина од над 20 милиони денари. Меѓу позначајните реализирани проекти во изминатата година, координаторот на ИПР Емил Василев ги напомена изградбата на пешачкиот мост и изградбата на агрометеоролошка станица.

-Во 2020 година е извршено плаќање за пешачкиот мост на река Брегалница кој беше дел од програмата за работа во 2019 година, а плаќањето е извршено во 2020 година. Исто така имаме повеќе проекти кои се спроведени преку Швајцарската амбасада. Минатата година самите знаете дека е година на пандемија и средствата беа во помал обем но Делчево како партиципиент имаше еднаква застапеност со проекти, како и во останати општини кои се рамномерно опфатени – истакна Василев

Како најзначаен проект кој во 2021 година ќе се реализира преку Источно-планскиот регион е изградбата на градскиот пазар чија изградба започна неодамна.

-Сите знаете дека оваа година ќе се прави градскиот пазар преку договор со Министерството за локална самоуправа. За реализација на втората фаза за чии градежни активности треба да биде распишан тендерот имаме на располагање 15 милиони денари кои исто така се обезбедени преку Источно-планскиот регион, додаде Василев.

Од општина Делчево изразија задоволство што искористеноста на средствата преку Источно-планскиот регион е на задоволително ниво поради што изразија надеж дека така ќе биде и во наредните години.

Извор: МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *