Во Кавадарци се одржа Фестивал на вино и вински туризам „Тиквешија 2022“

Вести

Фестивалот на вино и вински туризам „Тиквешија 2022“ вчера по шести пат се реализираше во Кавадарци. Настанот беше во организација на „Винотек“, Здружение за развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје.

– На фестивалот, на триесетина штандови се презентираа и промовираа вино, ракија, други производи од грозје и храна. Може да се констатира дека расте квалитетот на македонските вина, но и на винските производители, во подем е и туризмот кој ги вклучува патеките на виното и посета на винарници, – рекоа организаторите на фестивалот.

На фестивалот, со свој штанд се претставија и учениците и професорите од Земјоделско – шумарското училиште, воспитно-образовна институција што постои 66 години. Мотото на училиштето е „Денеска ученик, утре стручњак“.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *