На македонскиот пазар конечно ќе има понуда на нови тутунски производи. Ќе се продава тутун за водено луле (за наргиле), тутун за џвакање, тутун за шмркање и несогорлив тутунски производ. За овие тутунски производи ќе мора да се плаќаат акцизи, кои се со различна висина и ќе се менуваат од година во година.
Законот за акцизи веќе е објавен и во истиот стојат предложените одредби за тоа колку треба да биде сумата што треба да се плати за овие тутунски производи кои не се класични наменети за стандардните цигари.