Во ноември ќе се објави Ипард 2 огласот

Вести

Во првата половина од ноември се очекува да биде објавен вториот ИПАРД 2 оглас. Мерките се однесуваат на инвестиции во земјоделски стопанства и во преработувачки капацитети.

 

Наскоро се очекува да биде објавен вториот ИПАРД оглас, а земјоделците и преработувачите кои ќе аплицираат можат да добијат гранд од најмалку половина од трошоците за инвестицијата.

Стапката на кофинансирање може да се зголеми и до 70 отсто во подрачјата со ограничени можности. Барателите не смеат да ја почнат инвестицијата пред да склучат договор со платежната агенција.

Преку Ипард 2 фармерите ќе може да набават земјоделска механизација, опрема, да изградат нови или да ги осовременат постојните стопанства.

Преработувачите ќе може да се набават машини, опрема за преработка на земјоделски производи и да градат објекти, според ЕУ стандардите.

ИПАРД 2 Програмата има на располагање околу 60 милиони евра на кои се додаваат и дополнителни средства од македонскиот буџет.

На сите земјоделски стопанства и преработувачки капацитети, им се дава подготвителен период за прибирање на потребната документација за изработка на апликации за поднесување на барања за добивање на финансиска поддршка од ИПАРД 2 Програмата. Сите заинтересирани, може да поднесат барања за финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за следните мерки:

1. Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства,

2. Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи .“

Преку мерката „Инвестици во материјални средства на земјоделските стопанства,“ барателите ќе може да набават земјоделска механизација, опрема, да изградат нови или да ги осовременат постојните фарми.

Додека пак со мерката „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи, ќе може да се набават машини, опрема за преработка на земјоделски производи( од растително и животинско потекло), како и да градат објекти за преработувачки капацитети, а со цел унапредување на домашниот агро – сектор и достигнување на ЕУ стандардите.

Бабовски, најави дека Повикот за ИПАРД 2, како и Упатствата за корисниците на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 ќе бидат ажурирани и објавени на веб страната на Агенцијата во периодот до објавување на Јавниот повик. Сите кои сакаат да аплицират за добивање на средства од ИПАРД 2 програмата, ќе треба да ја подготват потребната документација и да поднесат барања.

Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2014-2020, налагаат претходно склучување на договор на потенцијалните корисници со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Македонија за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија.

Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2014-2020 се пропишани во Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани од петтата компонента на Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.

Деталите за вториот Повик за ИПАРД 2 ќе бидат објавени дополнително, а огласот ќе трае најмалку 45 дена од денот на објавување на Јавниот повик во дневните весници.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски наведе дека:

„Првиот повик од ИПАРД 2 програмата заврши со рекордни 919 склучени договори во вредност од 15,8 милиони евра, од кои 12 милиони евра се европски средства, наменети за набавка на нови трактори, механизација,опрема, машини и опрема за преработувачките капацитети. Со последниот Повик за ИПАРД 2 бројот на склучени договори е приближно ист со бројот на склучени договори со цел програмски период од ИПАРД 1. “- вели Бабовски

Со користење на европските средства од петтата компонента на инструментот за предпристапна помош го унапредуваме и осовременуваме домашниот агро – сектор, а со тоа овозможуваме зголемено производство, квалитет, како и пласман на домашните земјоделски производи во странство.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *