Трета работна сесија во Новаци за „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини”

Вести

Општина Новаци и партнерската општина Аминдео од Република Грција одржаа трета работна сесија од проектот „Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини”.

 

Проектот се реализира во период од  24 месеци, до  2020 година, за што од фондовите на ЕУ се обезбедени 669.000 евра.

-Во рамки на овој проект, општина Новаци располага со 216.000 евра и тие средства ќе се вложат за набавка на механизација, која пак ќе послужи за собирање биомаса. Во следната фаза, биомасата ќе ја користиме за загревање на парен котел и за затоплување на детската градинка во Новаци. Проектот се имплементира во три фази, првата фаза е набавка на трактор, втора фаза приклучна машина и трета фаза котел за затоплување и балирачка, истакна градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски.

 

Партнер во проектот е грчката општината Аминдео, а поддржувачи уште неколку други организации, здруженија и институции од двете држави.

 

-Со проектот сакаме да формираме еден синџир за снабдување кој што ќе не снабдува со биома како нас така и останатите партнери во проектот. Во нашата општина загревањето е преку термоцентрали, но во иднина тоа ќе го прекинеме бидејќи сме уверени дека на овај начин преку нови извори на енергија ќе го решиме тој проблем, посочи Костос Киријополус, претставник на локално претпријатие за загревање од општина Аминдео.

 

Проектот „Менаџирање со агро отпадот за загревање во руралните средини” е поддржан од Интерег програмата за меѓугранична соработка.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *