Во Романија за прв пат ќе се претстават куќи со изолација од овча волна

Вести Сточарство

Во Романија оваа година за прв пат ќе бидат претставени куќи со изолација од овча волна, пренесува Romania Insider.

“Овој природен производ е исклучително вреден ресурс, има голем број предности, бидејќи сепак се работи за природен во споредба со оние што се користат во моментот“, велат од тамошното Министерство за земјоделство.

Во тек е процес за добивање одобрение за овој производ. Во три романски градови се произведува волна со различна должина, дебелина и густина, што ќе се користи за топлинска изолација на објекти.

Исто така, можна е соработка на производители на дрвени куќи од Германија и Белгија за потенцијална соработка. Изолацијата со волна е соодветно и прилагодени за дрвени конструкции.

Во Романија во текот на 2017 година имаше околу 9,8 милиони овци.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *