Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски истакна дека Министрите за земјоделство и шефовите на делегациите од Југоисточна Европа пристигнаа во Македонија, по повод Дванаесеттиот годишен работен состанок, кој ќе се одржи на 15-ти ноември (утре) во Струга.
-Вечерва им посакав топло добредојде, пријатен престој и продуктивна дискусија на утрешниот настан, рече Николовски.
Николовски додаде дека Дванаесеттиот годишен работен состанок, кој ќе се одржи утре во Струга, е уникатна можност да се зајакнат партнерствата и да се потврдат заложбите за приближување кон ЕУ.
М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство