Во тек е инфо сесија во Битола, за мерка 113, за неповратни 20.000 евра

Вести

Во тек е инфо сесија за мерката 113, во дирекцијата на АПРЗ во Битола, за поддршка на земјоделски стопанства за млади земјоделци од 18 до 40 години.

Сите присутни изворно се информираат за условите, критериумите и можностите како да добијат неповратни 20 000 евра за нивниот агробизнис.

Советниците од АПРЗ им ги даваат потребните информации за мерката 113.

Директорот на АПРЗ, Елгафар Јусуфи, изјави дека ваквите инфо сесии се добри за да има што поголем број на апликации кои ќе ги исполнат условите.

-АПРЗ е секогаш во функција на земјоделците на терен и помош за апликации по одредени мерки. 80 % од апликациите ги работат нашите советници, рече Јусуфи.

Присутните земјоделци ја поздравуваат мерката.

-Мерката е одлична за нас, но јас апелирам во следен повик да има дополнително бодување за земјоделски стопанства кои живеат и функционираат само од земјоделство – истакна земјоделец.

Предмет на разговор се и одобрувањата за градба од општините.

Со подетални информации, по завршувањето на инфо сесијата.

М- р Билјана Петровиќ

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *