Во Теново ќе биде пуштена во употреба фотоволтаична централа

Вести

Фотоволтаична централа денеска ќе биде пуштена во употреба во селото Теново во општина Брвеница. Оваа централа е една од вкупно 27-те централи кои склучија договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во приватна сопственост. Јавниот повик беше објавен во 2019 година.

На официјалното пуштање во употреба најавено е присуство на премиерот Зоран Заев, министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Извор: МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *