Во Тиквешијата ќе се постават мерни станици за временските услови и поквалитетно земјоделско производство

Вести

Кавадречките советници на последната 51 редовна седница едногласно ја усвои одлуката за ко-финансирање на регионален проект за инсталирање на мерни станици за смарт земјоделско производство.

Вкупната проценета вредност на регионалниот проект изнесува 10. 000. 000 денари со вклучен ДДВ. Средствата во износ од 9.000 000  денари ќе се обезбедат од Биро за регионален развој, а останатите 1.000 000 денари ќе се обезбедат од другите општини Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија.

Ко-финансирањето на општина Кавадарци е во висина од 450.000 денари за поставување на 18 мерни станици, и ќе се обезбедат од Буџетот на општина Кавадарци за 2021 година.

Со поставување на мерните станици ќе се овозможи електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површни на територијата на општина Кавадарци, односно на лозово-овоштарските насади. Мерните станици ќе даваат точни информации за  влажност на воздухот, сончевите денови во годината, количеството на врнежи,  степенот на температурни осцилации, како и ред други податоци кои ќе се акумулираат електронски со посебен софтвер со што значително ќе може да се предвиди третманот на лозаро-овоштарските насади, а тоа ќе допринесе кон намален трошок за третирање на самите лозови насади со пестициди а во исто време зголемен принос со значително зајакнет квалитет на производите.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев информира дека со инсталирање на вакви станици на повеќе локации во општините од регионот, земјоделците ќе добијат можност за квалитетна и економична заштита на земјоделските култури.

-Земјоделците ќе добиваат информации за временските услови и совети кога е вистинско време да вршат заштита на земјоделските култури од болести и штетници. Вакви мерни станици веќе има поставено компанијата „Гоце Делчeв“ и во местата каде се поставени има заштеда во пестициди од околу 30-40%. Со овој проект ќе се користат помалку препарати, а ефектот ќе биде многу поголем, рече Јанчев.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *