Од денеска во употреба е првиот контакт центар наменет за поддршка на бизнисите и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.
Со јавување на телефонскиот број 02/324-8040 ќе се добиваат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки.
Контакт центарот ќе работи од 8:00 до 17:00 часот од понеделник до петок, а во сабота од 9:00 до 14:00 часот, каде ќе одговара стручен тим на македонски и албански јазик.