Водостојот на поголемиот дел од реките понизок од декемврискиот просек

Вести

За два сантиметри е зголемено нивото на Дојранското Езеро, за еден е намалено нивото на Преспанското Езеро, додека нивото на Охридското езеро е во рамките на декемврискиот просек.

Водостоите на реките се, во наголем дел, под просекот за месец декември. Така, нивото на Вардар кај Јегуновце е за дваесеттина сантимети под просечната вредност која изнесува 98 сантиметри, на мерно место кај Скопје, исто така, е пониско за дваесеттина сантиметри, а просекот таму за декември е 99 сантиметри.

За дваесеттина сантиметри под просекот е и водостојот на Вардар кај Велес и Кај Демир Капија.

Нивото на реката Црн Дрим на мерно место кај Ложани денеска изнесува 31 сантиметар, што е за над 80 сантиметри под просекот за декември кој изнесува 115 сантиметри.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *