“Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” продолжува утре во Струмица

Вести

На 12. март (вторник), 2019  година, во Струмица, проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на национална програма за консолидација на земјиште” (МАИНЛАНД) кој го спроведува ФАО во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ),  организира регионална работилница за подигнување на јавната свест за консолидација на земјоделско земјиште.

Работилницата ќе се одржи во Дом на АРМ во Струмица, со почеток во 12:30 часот.

На настанот ќе се обратат:

  • г-дин Нефрус Челику, Државен секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
  • Г-ѓа Наташа Љ. Ангелиќ (ФАО), Заменик тим лидер на проектот МАИНЛАНД

 

Утрешната работилница е дел на овогодинешната кампања за консолидација на земјоделско земјиште која ќе трае во наредните два месеци. Главната цел на работилницата е да се подигне локалната свест и разбирање за придобивките од консолидацијата на земјоделското земјиште. Земјоделци, сопственици на земјиште, земјоделски организации, претставници на села и локални самоуправи, геодетски фирми, претставници од МЗШВ и АПРЗ, како и други важни локални чинители од Источниот и Југоисточниот регион се поканети да присуствуваат.

 

Учесниците ќе се информираат за принципите и постапките за консолидација на земјоделско земјиште во согласност со Националната стратегија за консолидација на земјиште (2012-2020) и  Законот за консолидација на земјоделско земјиште, како и за тековните активности во рамки на проектот МАИНЛАНД.  Сопствениците на земјоделско земјиште ќе бидат исто така информирани како да аплицираат на јавниот повик за изразување интерес за проекти за консолидација на земјоделско земјиште во текот на март и април 2019 година.

 

Две регионални работилници за консолидација на земјоделско земјиште се одржаа минатата недела во Прилеп и Куманово. Кампањата ќе продолжи и на локално ниво, каде што проектниот тим, заедно со претставници на МЗШВ и АПРЗ, ќе посетат неколку целни заедници, вклучително Кривогаштани, Старо Нагоричане, Василево и Колибари, со цел да им се помогне на потенцијалните кандидати да аплицираат  за локални проекти за консолидација на земјоделско земјиште. Овие активности имаат за цел да помогнат при изборот на нови 12 потенцијални области за консолидација на земјиште во земјата.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *