Агро-Метео: Нов циклон кој носи промена на времето се приближува кон нашата држава

Вести

Циклон ќе влијае на времето во нашата држава во текот на следниот период и истиот ќе условува повремени врнежи од дожд и тоа поради јужното воздушно струење, кое ќе услови значително потопло време и забрзано топење на снегот. Врнежи од снег ќе има само на планините со надморска височина од над 1500 метри, особено на запад и на северозапад.

Најпрвин врнежите ќе ги има на запад  и со послаб интензитет, додека за време на викендот како и на почетокот од следната недела истите ќе се прошират насекаде и ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, но сепак најинтензивни ќе бидат на запад каде локално се очекува да наврнат над 40 л/м2 воден талог. Температурите на воздухот ќе бележат значителен пораст, како минималните така и максималните и за време на викендот истите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Исто така за време на викендот, како ина почетокот од следната недела ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Поради изразеното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата држава ќе се изврши транспорт на прашина и на песок па така и дождот кој ќе паѓа ќе биде помешан со Сахарската прашина и песок.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради очекуваните поинтензивни врнежи, но и поради забрзаното топење на снегот поради релативно високите температури на воздухот се очекува повторно покачување на нувоата на реките  и на езерата низ државава. Иако условите се мали, но сепак постои можност за локално излевање на помалите реки низ државава, особено на запад. Токму поради ова на возачите им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ доколку возат покрај помалите реки кој се наоѓаат во близина на патиштата.

Да напоменеме дека за време на овој циклон локално ќе има услови и за појава на нестабилност проследена со грмежи.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *