Времето денеска ќе биде променливо облачно со пороен дожд попладне

Вести

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

Максималната температура ќе се движи во интервал од 23 до 30 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата во следните денови нема значително да се менува.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *