Времето денеска облачно со сончеви периоди

Вести

Претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, преку денот сончево со умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје претпладне со услови за слаба магла, преку денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во сабота ќе се задржи стабилно време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Од недела следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *