Времето денеска променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер

Вести

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла и ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне со слаба магла и ниска облачност, а попладне умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време, со појава на магла и значителна ниска облачност претпладне по котлините. Во западните делови во четврток ќе има услови за локален дожд.

Во петок и сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *